Драгана Мирковиќ со своето семејство, односно сопругот Тони Бјелиќ и децата живее во Виена.
Пејачката Драгана Мирковиќ ретко зборува за приватноста и колегите, но овој пат одлучи да каже некои вистини. Таа вели дека постојат личности кои и нанеле зло, но се труди да ги игнорира.
-Секако дека постојат луѓе кои ме разочарале, но се трудам да ги заборавам и да не размислувам за тоа. Би било штета мојата позитивност и потреба за убави нешта да ја уништат одредени поединци, вели Драгана.
Кога се појавува во јавност секогаш е насмеана, но ретко кој знаел дека има доста проблеми. По свој пример покажа дека во животот ништо не е така како што изгледа.
-Мене тоа ме чинеше што си направив проблем со штитната жлезда, а тоа е затоа што молчев. Се уште не посакувам ништо лошо, но навистина знае да биде болно и кога кнедлата ви стои во грлото и кога сакате да проговорите, а не си го давате тоа на себе, знаете но молчите, вели пејачката во емисијата „Премиера“.
Драгана е блиска со својата сестра Душица, иако се одалечени неколку километри.
Душица работи во телевизијата на нејзината сестра „ДМ САТ“ каде ги завршува работните обврски кога Тони и Драгана не се во можност.
За потсетување, фолк пејачката ретко зборува за својот приватен живот, а децата речиси никогаш не го покажува во јавност.
Пејачката Драгана Мирковиќ пред 19 години го изговори судбоносното „да“ на својот сопруг Тони Бјелиќ, меѓутоа фотографии од нејзината венчавка со години не може да се видат во јавноста.
Иако повеќето јавни личности не успева да ги сокрие деталите од свадба од будното око на јавноста, тоа не бил случај со Драгана. Фотографиите од нејзината свадба, нејзината публика имаше шанси да ги види многу подоцна.