Канада се наоѓа на самиот врв на земји чии жители имаат доста висок животен стандард.
Овој епитет го заработи поради бесплатното здравство, пријателски расположените жители, стабилноста, мирот и другите погодности кои ги носи земјата и токму ова е причината поради која луѓето сакаат да живеат во оваа земја.
За да добиете дозвола за престој во земјата, поточно државјанство, потребно е да поминете низ неколку чекори.
1. Мора да имате најмалку 18 години
На малолетниците им се потребни родители или старатели кои мораат да имаат постојан престој во Канада за да можат да аплицираат за канадско државјанство.
2. Канада има забрзан систем за имиграција, таканаречен „Express Entry“
Сите кандидати кои ќе влезат во оваа програма мораат да реализираат одредени резултати за одредени професии, со што ќе бидат рангирани во однос на останатите кандидати. Оние кои се на врвот на листата ќе бидат повикани за постојан престој.
3. Мора да имате постојано живеалиште во Канада
За да станете жител на оваа земја, луѓето мораат да се одлучат помеѓу неколку начини. Може да се пријават да живеат во одредена покраина по сопствен избор, да добијат помош од еден член од семејството кој живее во Канада или да престојуваат во Квебек кој има посебни барања за миграција.
Постојаните жители имаат право на здравствено осигурување, работна дозвола, студирање и патување низ земјата, но не можат да гласаат, да имаат канцеларии и да работат во државна институција.
4. Мора да имате јасни намери дека сакате да живеете во Канада
Ако сте повикани да живеете во Канада, мора да ги потврдите вашите планови за да останете Канаѓанец. Владата дефинира постоја престој како желба да живеете во Канада најмалку две години, во период од пет години. Ако не поминете толку време во рамките на границите, можете да го изгубите статусот за постојано живеење.
За оние кои не живеат во Канада, можно е следното: работење надвор од Канада како државен службеник или живеење во странство, со одредени членови од семејството кои се во државна служба.
5. Мора да поминете 6 години на истото место на живеење
Постојаните жители не секогаш стануваат државјани. Процесот за државјанство е подолг.
Ако живеете во Канада, мора да сте жител и физички присутен најмалку 1.460 дена во текот на 6 години непосредно пред апликацијата за државјанство. Потребно е да бидете присутни 183 дена (половина година) на секоја четврта календарска година во рок од 6 години пред датумот на аплицирање. Со други зборови, поминатото време во Канада мора да биде константно.
Меѓу најпопуларните дестинации за студирање од страна на странските студенти се наоѓаат Австралија, Обединетото Кралство, САД и Канада. Овојпат пишуваме за студиите во Канада. Каква е вредноста на канадското образование и колку чини истото?
Канада е поевтина за студирање од останатите најпопуларни држави
Според едно меѓународно истражување спроведено на последипломци во 2014, најпопуларните три дестинации за меѓународните студенти кои ги избрале за студирање пред Канада се САД, Обединетото Кралство и Австралија.
Во истото истражување, 64% од студентите изјавиле дека цената на студиите во Канада во споредба со останатите земји била многу важен или единствен фактор во нивната одлука за студирање во земјата. Просечно, цената на студирањето во Канада (студирање и живот) е пониска од останатите популарни земји за студирање.
Канадските факултети нудат квалитет
Според претходно споменатото истражување, канадското образование нуди исклучителна вредност за цената.
– 83% одговориле дека канадското образование им овозможило да решаваат комплицирани и реални проблеми;
– 89% одговориле дека нивното канадско образование им помогнало да добијат работа или повеќе знаење корисно за работа;
– 80% одговориле дека со канадското образование добиле повеќе шанси за добра заработка во иднина.
Поголемиот дел од меѓународните студенти во Канада го препорачуваат образованието во земјата.