Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
По напуштање на регионалното шоу, Шабан откри непознати детали за ова музичко шоу.
Тој истакна дека го напуштил шоуто бидејќи не можел да поднесува како неговите колеги ги навредуваат кандидатите кои се лошо облечени.
„Не можев да ги навредувам тие деца. Како да навредувам некој, а можеби нема пари? Можеби е сиромашен, дошол од село и нема ништо подобро. Тоа ме нервираше. Е сега, дали моите колеги им даваа совети или сакаа да покажат колку имаат, а тие деца немаат, не ми е човечки.
Поради тоа и Зорица Брнуцлиќ ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, истакна дека не сака да оценува како некој се облекува“, вели Шаулиќ и додава:
„Саша неколку пати ми кажуваше кој кандидат треба да помине во следниот круг, иако тоа не беше по моја желба. Понекогаш ги слушав и ги пуштав да поминат. Можеби тој во кандадите видел некој потенцијал, па мислел дека некој му треба за шоу бизнис, дека ќе направи пари или ќе стане ѕвезда“, вели Шабан.
Шабан Шаулиќ неколку години беше член на жирито од „Ѕвездите на Гранд“ за потоа да замине со „Пинк ѕвезди“, додека пак сега одбива да учествува во било кое шоу од таков тип.
-Сакав да му помогнам на Саша Поповиќ на почетокот. Тогаш се бараа адекватни луѓе за натпревар , се сеќава Шабан во интервју за српски Курир. Шабан за почетокот на новата сезона од „Ѕвезите на Гранд“ своето заминување го образложи со зборовите.
-Тогаш тоа се претвори во ријалити, излегов од причината што веќе не можев да поднесам. Тоа едноставно не беше за мене, не му прилега на мојот карактер да изигрувам дворски шут, беше остар Шабан.