Елена Китиќ се огласи по шпекулациите дека таа е причината за разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуришиќ Раста. Имено, се пишуваше дека Раста бил со Елена пред бракот со Ана Николиќ, но и дека нивната врска продолжила по бракот. На сите овие пишување Китиќ го даде својот коментар на „Инстаграм“.
„Мојот однос со Раста беше професионален од првиот ден, па се до моментот кога ја прекинавме соработката. Единствена причина поради која ја прекинавме соработката е тоа што имавме различни размислувања во која насока треба да оди мојата кариера“, напиша ќерката на пејачот. Инаку, Раста не сакал да ги наплати песните кои ги направил за Китиќ.
„Раста е наш пријател и не сакаше да наплати тоа што работи со Елена, но ние ќе му се одолжиме. Тој е супер момче и што се однесува до парите, ние не разговаме за тоа“ во една прилика изјави Миле Китиќ.