Една од најпопуларните модни дизајнерки во Србија и сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, Мелина, гостуваше во емисијата „Пемиера викенд специјал“, каде на сите млади уметници им даде поттик да веруваат во себе, а притоа откри и како ја доживува Џенифер Лопез која е нејзина клиентка.
-Како прво, јас долго време бев изгубена. За запознавањето со Шерон Стоун, а потоа и со Џенифер Лопез и самата бев во чудење. Јас сум доказ дека се е возможно ако верувате во себе. Јас славните не ги доживувам поинаку од обичните луѓе. Секоја жена сака добро да изгледа.
Јавните личности имаат стилисти кои ги советуваат за да изгледаат така. Џеј Ло носи конфекциски број 36, има манекенска фигура, иако нам не ни изгледа така, открива Мелина.
Сопругата на популарниот пејач Харис Џиновиќ, Мелина, плени со атрактивниот изглед и привлекува внимание и комплименти каде и да се појави. Таа во тоа очигледно ужива, па со гордост ги носи моделите кои сама ги креира, а кои ја истакнуваат нејзината совршена фигура.
Фолк-пејачот Харис Џиновиќ на сопругата Мелина не ѝ дозволува да ја смени фризурата ни бојата на косата. Тие се заедно 16 години и тој не ѝ се меша во ништо, освен во имиџот, открила Мелина во едно скорешно интервју.
„’Таква те запознав и тоа останува’ ми рече Харис неколку пати изминативе години, па решив да го послушам. Затоа со години имам долга коса со руса боја“, рекла таа.
Мелина Џиновиќ е позната светска дизајнерка. На црвениот тепих нејзини фустани неколку пати носеше Џенифер Лопез, а креирала фустани и за Памела Андерсон, Мараја Кери, Софија Вергара, Гал Гадот, Бритни Спирс и други. Таа е сопственик на „Хамел“ моден бренд за висока мода.
Меѓутоа, не било отсекогаш така.
На почетокот од врската со Харис, Мелина била покрупна, иако и тогаш била многу убава.
Погледнете: