По проблемите со сопругот Александра Пријовиќ се сликаше со трудничкото стомаче

0

Пејачката Александра Пријовиќ ужива во бременоста, но исто така таа мошне добро ја крие далеку од очите на јавноста.

Пејачката ретко го покажува трудничкото стомаче и носи широка облека каде и да се појави, но веќе не може тоа да го сокрие.

Александра Пријовиќ ужива во својата бременост, а заедно со нејзиниот сопруг ќе станат родители во март.

Пријовиќ одлучи да се породи во Белград, а не во Америка.

Снаата на Лепа Брена одлучи синот кој ќе се вика Александар да го роди во Белград.

„Филип и јас одлучиме да се породам во Белград. Така е најдобро. На Александар ништо нема да му значи дали градот во кој ќе се роди ќе биде некој град во Европа или Америка, а нашите клиники се стручни како и светските. Покрај тоа, ќе бидеме во нашата држава и што и да ни треба веднаш ќе средиме“, вели Пријовиќ и додава:

„Јас знам колку моето семејство и семејството на Филип се радуваат на породувањето и ако се породам во Америка, 2 – 3 месеци нема да можеме да се вратиме во Србија, а дали ќе добијат виза за да не посетат. Затоа одлучивме се да завршиме во Белград“, додава Александра.

Пријовиќ брои ситно до породувањето, а доказ за тоа е и последната фотографија на која таа носи црн фустан.

Претходна статијаРабота во Стокхолм може лесно да се најде, особено ако зборувате шведски – јас најдов за 2 дена штом се доселив
Следна статијаНов закон во Македонија: Кладилници само на интернет а казина и автомати само во хотелите