По проблемите со сопругот Александра Пријовиќ се сликаше со трудничкото стомаче

Пејачката Александра Пријовиќ ужива во бременоста, но исто така таа мошне добро ја крие далеку од очите на јавноста.

Пејачката ретко го покажува трудничкото стомаче и носи широка облека каде и да се појави, но веќе не може тоа да го сокрие.

Александра Пријовиќ ужива во својата бременост, а заедно со нејзиниот сопруг ќе станат родители во март.

Пријовиќ одлучи да се породи во Белград, а не во Америка.

Снаата на Лепа Брена одлучи синот кој ќе се вика Александар да го роди во Белград.

„Филип и јас одлучиме да се породам во Белград. Така е најдобро. На Александар ништо нема да му значи дали градот во кој ќе се роди ќе биде некој град во Европа или Америка, а нашите клиники се стручни како и светските. Покрај тоа, ќе бидеме во нашата држава и што и да ни треба веднаш ќе средиме“, вели Пријовиќ и додава:

„Јас знам колку моето семејство и семејството на Филип се радуваат на породувањето и ако се породам во Америка, 2 – 3 месеци нема да можеме да се вратиме во Србија, а дали ќе добијат виза за да не посетат. Затоа одлучивме се да завршиме во Белград“, додава Александра.

Пријовиќ брои ситно до породувањето, а доказ за тоа е и последната фотографија на која таа носи црн фустан.