По пародијата со Серџо македонскиот камионџија распали и по „Зоки фаци“ – Што е со муцкиве сестро?

0

Дарко Јефремов е младо момче од Македонија кое заедно со своето семејство живее во Америка.

Тој е возач на камион, а на своите профили на социјалните мрежи постојано ги зголемува следбениците, особено откако направи пародија на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија, кое тој го наслови „Камионџија шоу“.

Па така, видеото на Дарко стана вирално, а во истото на „тапет“ е изгледот на Сергеј кој камионџијата го коментира на свој начин.

Илјадници следбеници кликаат лајкови, пишуваат коментари, го фалат… До душа има и такви кои го бранат македонскиот „моден гуру“ од 1ТВ, кој не собра храброст да му одговори на „фрлената ракавица“ на чикашкиот камионџија.

Арно ама, не мина долго, „вербалниот револвераш“ од камионџиската кабина одново се огласи на истата адреса. Нова Година доаѓа, па ред е и тој да има свое новогодишно „Камионџија шоу“.

Варошлија, или како што тој го вика Серџо, одново мета на неговиот монолог, ама овој пат само за кратко. Главна ѕвезда во новогодишното издание е колегата на Сергеј, Зоки – „Фаци“.

Овој пат естрадниот новинар и водител на „Ексклузив“ се најде „на тапет“, или како што вели камионџијата, „на преглед“, во новогодишното „ситдаун шоу“ од камионџиската кабина на Дарко – „драјверот“!

Погледнете го новогодишното видео со шоуто на камионџијата и очекувајте водителите од 1ТВ империјата да го возвратат ударот.

Варошлија засега молчи, со куса најава дека на „непристојните“ видеа нема да им придава значење и третман во неговите модни коментари. И веројатно така треба… Само што, ова е малку… „повеќе од мода“!

Погледнете го видеото на следниот линк

Претходна статијаМиле Китиќ: Јелена Карлеуша мора да ја почитува музиката на Јужни Ветар – хитовите се безвременски
Следна статијаНе очекуваат снежни врнежи – по денешното ведро време, од утре нагла промена