Освен задолжителниот хонорар кој го добиваат, тука е и бакшишиот без кој што не може да помине ниту еден нивни настап.Естрадата веќе извесно време ни е во криза, и тоа не само креативна.
Музичарите тврдат дека времињата во однос на заработка се променети, а ако своевремено турнеите надвор од земјава беа Мека и медина за пејачите, во последните неколку години ќарот е видно намален, а тезгите преполовени.
Сепак, работа за највредните има, а нив секако се вбројуваат фолкерките за кои нема зима и стандардно си газат со настапи.
Заработката е релативна работа, се зависи од музичарите. Ако имаш хит, ќе имаш и настап, без песни и добар сопствен репертоар тешко дека ќе те бараат, не само надвор од земјава, туку и дома. Јас не можам да се пожалам, заработувам добро, имам и турнеи, рече Благоја Грујовски.
И тоа е релативно, некогаш има многу бакшиш, некогаш нема. Но, сите ние сме професионалци, не пееме за бакшиш, ако го има добредојден е, ако го нема, да сме живи и здрави, се пошегува Благоја, а слично како него размислува и младата Стојне Николова која што рече дека бакшишот зависи исклучиво од музичарот и неговиот реперотар.
Извор: Убавина и здравје.мк