„Не за кого е ветено, туку за кого е печено“, – песната на Тамара Тодевска требало да ја пее Цеца

0

Хитот кој што го испеа нашата Тамара Тодевска во дует со српската група „187“ требало да го пее Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Ова деновиве го открија момците од бендот кои рекоа дека првично рефренот и го понудиле на Цеца, но поради нејзините многубројни обврски во тој момент таа морала да ги одбие, а за втора опција ја избрале Тодевска која токму со оваа тема се прослави и во соседна Србија.

Долго време се договаравме со Цеца за да снимиме дует и песната прво и ја понудивме на неа, но за жал не успеавме да се договориме за реализација поради недостаток на време и на тоа остана, рекле момците од групата која веќе извесен период не функционира и е на стенд бај.

За разлика од нив, нашата Тамара „гази“ со последниот сингл „Довидување таго“ и во моментов е на заслужено породилно отсуство откако пред една недела на свет го донесе Дарен, а Цеца, пак, во моментов работи на нов албум и бира песни.

Претходна статијаГерманија го усвои законoт – се отвараат вратите за работници од Македонија
Следна статијаПосле разговорот со Цеца и се слоши: Драгана Мирковиќ заврши во болница