Не е многу – „само“ 76,7 проценти од младите сакат да си заминат од Македонија

Младите во Македонија се чувствуваат непризнаени, неинтегрирани и не може да придонесат во носење одлуки и затоа сакаат да си заминат од земјата. Младите во Македонија се разочарани од лошиот квалитет на живот ги загрижува невработеноста, но и општата атмосфера на политичка и економска несигурност и поради тоа размислуваат да си одат од државата, се кажа на претставувањето на истражувањето засновано на анкета на млади на возраст од 15 до 29 години.

Истражувањето кое по пат на прашања на интернет го спроведоа Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Француската амбасада, покажа дека дури 91,6 проценти од младите сметаат дека нивниот глас не е доволно застапен во процесите на одлучување во државата.

„Наодите од истражувањето се дека 76,7 проценти од младите сакаат да си заминат од земјата. Причините ги наоѓаат во целата атмосфера во државата. Се чувствуваат непризнаени, неинтегрирани и не може да придонесат во носењето одлуки“, изјави извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики, Марија Ристеска.

Младите на прашањата одговориле дека подобрувањето на квалитетот на живот преку обезбедување можности за работни места кои ќе одговараат на способностите и ќе го вреднуваат трудот, е суштинско за да ги натера да останат или да се вратат во државата. Целата сторија може да ја проследите на: Радио Слободна Европа

Loading...