Малкумина го знаат ова: Неда Украден и Брена имале ист дечко

0

Неда Украден важи за една од најголемите ѕвезди на југословенската музика, а во прилог на тоа говори не само тоа што успеа да остане актуелна и денес, туку и податокот за повеќе од два милиони продадени носачи на звук од крајот на 60-тите години на минатиот век до сега.

Според написите на српските медиуми, директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ бил во љубовна врска со поп-пејачката Неда Украден по нејзиниот развод со Милан Билбија.

Малкумина знаат дека Поповиќ во 1980-тите години бил во тајна врска и со фолк-пејачката Лепа Брена, која е денес негов бизнис-партнер, односно, косопственик на „Гранд“, а во тоа време и двајцата беа членови на популарната музичка група „Слатки грех“, која жареше и палеше низ цела Југославија, а и пошироко.

Сепак, и двете дами љубовните врски со Саша ги држеа во тајност. Денес, Брена е во среќен брак со поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, со кого има два сина, Саша е во брак со пејачката Сузана Јовановиќ со која има ќерка, а Неда Украден е среќна баба на три внука од својата ќерка.

Неда неодамна беше актуелна во јавноста по изјавата дека никогаш не би се разголела, а популарноста, вели таа ја одржува само поради добрите песни.

„Ако ги прашате мажите, сите ќе ви речат дека сум многу згодна. Зошто да се соблекувам гола, само за да настинам? Доволно ме знаат по песните ”, изјавила Украден и додала дека на нов брак не е подготвена освен ако ѝ се случи голема љубов.

Иако претставниците на седмата сила во Србија ја почитуваат и редовно пишуваат за неа, изгледа дека на Неда Украден тоа не и е доволно, па според колегите во соседството, таа веројатно сака холивудски третман, а смета дека не го добива, пишува Ало.

Имено, кога Неда се појавила на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“, била видно нерасположена откако ги видела новинарите.

-Што сакате од мене?Нема да ви дадам изјава. Што ми приоѓате, што ми приоѓате? Не ми се приближувајте, викала Неда како да сакала дополнително да го привлече вниманието.

Претходна статијаКонечно се ќе им тргне од рака неделава што доаѓа на овие хороскопски знаци
Следна статијаУбавата Жаде од хит серијата Клон денес има 42 години, мајка е на 3 деца и изгледа беспрекорно