Македонец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на нашето знаме: Корените не се забораваат

0

Еден досетлив нашинец отишол дотаму што патриотизмот го покажал преку фасадата, која ја бојосал во боите на македонското знаме.

Нашинците кои ги има речиси секаде низ светот повеќе пати до сега имаат покажано дека не забораваат на своите корени и каде и се појават со гордост истакнуваат дека се Македонци.

Во докажувањето, нели, еден од нив дури отишол дотаму што целата фасада од куќата ја обоил во боите на македонското знаме.

Креативниот Македонец живее во Њу Џерси, а сите соседи се запознаени со нашата историја и традиција бидејќи каде и да оди зборува за земјата во која се родил.

Американските Македонци се Американци со македонско етничко потекло. Нивниот број според последниот попис на населението брои околу 61.332, но според неофицијални проценки оваа бројка достигнува и до 200.000. Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е во најголем број македонски и англиски и припаѓаат на православната вера.

Првите македонски имигранти дошле од пограничните региони во северниот дел на Егејска Македонија, првенствено регионите близу Костур, Лерин, и југозападниот дел на Република Македонија, особено околу Битола. Се проценува дека околу 50.000 Македонци емигрирале во САД помеѓу 1903 и 1906 година, но избувнувањето на Балканските војни и Првата светска војна ги ограничи тие миграции. Околу 20.000 останаа во САД, а остатокот се вратија дома.

Имигрантите беа претежно селани, а остатокот занаетчии, работници и интелектуалци. Имиграцијата продолжи по војните; повеќето од новите имигранти беа Македонци од Грција, од кои многумина биле протерани од Егејска Македонија во 1920 година.

Во 1920-тите и 1930-тите години македонскиот јазик бил забележан во американски пописи. Околу 50,000-60,000 Македонци емигрирале во Канада и САД на крајот на Втората светска војна.

Претходна статијаПразнична дневница – За Нова Година 50% повеќе плата за работниците во Македонија
Следна статијаГодишен хороскоп: Најсреќните денови во 2019 за секој хороскопски знак