Бранка Лазиќ, мајка на пејачот кој после сообраќајната несреќа на 23 октомври едвај остана жив, сега бдее над него во бањата каде што е префрлен од болница. Таа заедно со девојката на син и, Марина спие во апартманот каде Дарко Лазиќ ќе ми помине наредните неоколку месеци на закрепнување, а за српски Блиц таа вели дека нејзиниот син оваа несреќа го променила од корен.
-Ми вети дека ќе застане на тоа и јас му верувам дека веќе нема да има алкохол. Жал му е поради се што се случи, свати дека ова му е втора шанса за живот кој го прегрна и сигурна сум дека нема да оди по патот по кој одеше досега. Вети дека ќе се смири, дека нема веќе да вози брзо и дека ќе води сметка за пиењето.
Многу негови постапки досега ги разбирав, бидејќи е млад, но сега мора да му дојде памет. Ќе добие второ дете и животот е пред него, да ужива во наследниците и да ги воспитува- рекла Бранка. Доброто расположение во семејството Лазиќ е и порди тоа што Дарко прв пат по несреќата се обидел да оди сам.
-Тој секој ден застанува по малку на ногата која е оперирана, но никако самостојно. Денеска прв пат е на штаки. Денеска почнаа и електростимулации на оперираната нога, што очекуваме дополнително да го забрза лекувањето-вели извор упатен во лекувањето на Дарко.