Љубоморниот Харис не ја пушта Радмила да пее за Нова Година во Швајцарија

0

Старо-новите емотивни партнери Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ планирале во новогодишната ноќ да настапат во иста географска зона за да можат подоцна да се сретнат и да го поминат заедно остатокот од најлудата ноќ, меѓутоа, изгледа дека плановите им се сменија…

Имено, според написот на магазинот „Свет“, еден швајцарски бизнисмен и’ дал на пејачката понуда што не се одбива. Рада би требало да настапи на неговата приватна забава и да пее пред 50-тина гости, за што ќе биде тројно повеќе платена од својот вообичаен хонорар. Арно ама, на нејзиниот дечко и колега Харис, оваа понуда воопшто не му се допаднала…

Земајќи предвид дека и Харис е од истата бранша, се посомнева дека швајцарскиот бизнисмен и’ фрлил око на неговата Рада штом е подготвен да плати колку што треба, без приговор и поговор, само за дочекот да му пее Рада“, открива извор близок на популарната двојка, и додава:

Колку што знам, Рада и Харис не зборуваат во моментов, додека тој не се ‘одлути’, бидејќи на Рада и’ е важно да настапува, жената го издржува целото семејство, а познато е дека пејачите тројно повеќе заработуваат во новогодишната ноќ.“

За љубовната врска на фолк-пејачката Рада Манојловиќ и нејзиниот колега Харис Берковиќ постојано се спекулира дека е на „стаклени нозе“, а во прилог на тоа оди и фактот што пејачите престанаа да се појавуваат заедно на јавните настани.

Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ и покрај гласините за разделба открија дека сепак се заедно.

Пејачката проговори за својата втора половина.

Тој е моето второ јас, разбира кога ми се молчи и кога ми се пее или што и да ми се прави, изјави Рада.

Таа додаде дека еден ден би сакала да се реализира како мајка.

Се разбира, еден ден би сакала да му родам деца. Би му родила пет деца, изјави Манојловиќ слатко изненадувајќи ги сите со бројот на деца што посакува да ги има во животот.

Претходна статијаСашо Мијалков во куќен притвор
Следна статијаАца Лукас искрен: Јас сум виновен што татко ми повеќе не е со нас