Косово не ја пушта да си замине Цеца, па таа порача: Никаков проблем – запомнете го тоа

0

Цеца Ражнатовиќ скоро два часа пеела на концерт во Косовска Митровица, со што им пружи поддршка на мирните протести на Србите кои се противат на воведувањето на таксата од 100 отсто на стоката од Србија.

Цеца цело време била одлично расположена, а пред крај на концертот народот почнал да и дофрла да остане на Косово. Пејачката ги слушнала дофрлањата, се свртела кон публиката и рекла:

„Никаков проблем! Таму каде што е мојот народ, таму сум и јас и моите деца и моето семејство. Запомнете го тоа“, изјави познатата пејачка од Србија која веќе на неколку наврати помагаше за овој народ.

Претходно, министерот за култура на Косово побарал од приштинските власти да и забранат влез на Косово на Цеца. Наводно Цеца не поднела барање за влез на Косово.

Претходна статијаМалиот херој: Деветгодишно дете се избори за укинување на стогодишната забрана
Следна статијаТамара: Не ми се чека више, ми се раѓа (ФОТО)