Ќе ви се заврти во глава: Ова е цифрата која ќе ја заработат пејачите за Нова Година

0

Се наближува „Нова година“, а голем дел од музичките ѕвезди од регионот веќе имаат договорени настапи и тоа за вртоглави суми.

Јелена Карлеуша, Аца Лукас, Марија Шерифовиќ и Аца Пејовиќ успеале да договорат високи хонорари, па за една вечер ќе заработат меѓу 30 000 и 40 000 евра.

Радиша Трајковиќ Џани, Сека Алексиќ и Ана Бекута за една вечер ќе заработат 25 000 евра.

Додека пак Дара Бубарама, Катарина Грујиќ и Милица Павловиќ ќе пеат за 15 000 евра.

Познатиот естраден менаџер Бане Обрадовиќ вели дека познатите ѕвезди ќе пеат во Србија бидејќи нема работа надвор од границите на државата.

„Се намали работата во странство. Некогаш пејачите таму настапуваа 4 пати неделно, а сега се работи само во сабота. Дојде до смена на генерациите. Се вратија во Србија оние кои ги слушаа нашите изведувачи, а во странство излегуваат нивните деца“ вели менаџерот.

Многу менаџери велат дека Белград е центар на убавите забави, па затоа токму пејачите се одлучиле за лудата ноќ да пеат во српската метропола

Претходна статијаПред Дарко Лазиќ живеала во 30 квадрати: Вака изгледа станот на Ана Севиќ
Следна статијаТаа не ги сака камерите – ова е сестрата на Кемал од Карасевда ФОТО