Ќе го чинат ли Сергеј Варошлија скапо навредите кон Елена “Живот со стил”

0

Однесувањето и комуникацијата на Сергеј Варошлија се спротивни на начелото за заштита на достоинството на личноста и се непримерни за јавна комуникација преку телевизија.

Вака одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која по добиена претставка извршила вонреден програмски надзор врз емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“ емитувана на 1 ТВ на 22 и 30 октомври и 8 ноември 2018 година.

Надзорот покажал дека се основани наодите од Претставката, според кои во овие изданија на емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“ се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и говор кој може да биде сметан за навредлив, а кој се однесува на физичкиот изглед на подносителката на Претставката.

Сергеј во емисијата упати низа критики за изгледот на водителката која води емисија за живот со стил, посочувајќи дека е облечена во ќеса за ѓубре, има гнездо на главата, со прќена коса и метастази на истата….Ќе го чинат ли Сергеј Варошлија скапо „радиоактивните“ чизми на Елена?!

Претходна статијаФОТО: Познатата актерката од Вљубениот ерген се омажи – сега чека близначиња
Следна статијаДарко Лазиќ е убеден дека сите му работат зад грб – смета дека се му е наместено