Карлеуша распали по Цеца: Жими мајка, не ми е јасно како не ја гаѓале со некој компир

0

Цеца Ражнатовиќ одржа концерт во Косовска Митровица како поддршка на мирните протести на Србите против воведувањето данок од 100% на производите од Србија. Е сега, нејзината лута ривалка Јелена Карлеуша не можеше да остане нема пред оваа вест, па одлучи да се огласи на Твитер… Жими мајка, не ми е јасно како овие напатени луѓе на Косово не ја гаѓале со некој компир оваа криминогена будалетинка додека фалшираше“, порача ЈК во свој стил.

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша како што е познато завршија на суд. Имено, Ражнатовиќ ја тужеше Карлеуша за навреда, па пејачките се состанаа за да го решат меѓусебе проблемот. На сослушувањето прва пристигнала Јелена Карлеуша, а по кратко време се појавила и Цеца во придружба на адвокат.

Пејачките првпат седнаа една спроти друга и се обидуваа да се помират без адвокат, но обидот бил безуспешен. Зад затворената врата се одвивала вистинска драма – тврди за српските медиуми анонимниот извор кој се затекнал таму.

Се слушнаа извици: “Се срамам од тебе” и “Немој само ти да ми кажуваш за чесност” … Цеца потоа и се обрати на Јелена со зборовите: “Затвори ја устата”, “Замолчи”, “Ќути”!!! Ситуацијата била толку тензична што била на работ на физичка пресметка помеѓу двете фолкерки!

Судијата се обидел да ги смири, номнеговите речиси половиначасовни обидиостнале безуспешни. Во еден момент, судијата го притиснал и безбедносното копче по што влетало обезбедувањето во судницата. Судискиот чувар влегол и ги предупредил нервозните пејачки, кои потоа конечно се смириле и се поправиле во однесувањето!

Претходна статијаНародни верувања: Што ни навестува пламенот од свеќата која ја гориме за слава
Следна статијаВистинскиот маж никогаш нема да бара вакви работи од вас