Јелена Карлеуша: Цеца без Марина Tуцакович и Мили е никој и ништо

0

Во текот на последната емисија од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше навистина бурно. Како што веќе се навикнавме, Јелена Карлеуша и Вики Милјковиќ влегоа во голема расправија, но овој пат ја вметнаа Цеца Ражнатовиќ, која пак, не е дел од жирито на оваа емисија.

Се почна кога една натпреварувачка настапи со песна од Нина Бадриќ и Александра Младеновиќ, што на жирито воопшто не им се допаѓаше.

Се поврзува со магијата да си брутален пејач, како што беше Тоше Проески, кој може да пее поп и фолк, истовремено добро и квалитетно. Но, ретко кој го може тоа.

И ние доаѓаме до моето, каде јас тврдам дека големиот успех зависи само од интелигенцијата во овој бизнис. Ти покажа дека не мислиш“, рече Карлеуша и додаде:

Затоа и сметам дека продуцентите се мозокот на оваа операција наречена како шоу-бизнис. Генерално пејачите се луѓе без мозок. Еве истата таа Цеца, без Мили и Марина е никој и ништо…, продолжува таа, каде веќе Вики ја прекина бранејќи ја Цеца.

Па Цеца беше Цеца и пред Мили и Марина, а Фута што правеше со неа? И пред Марина, ја имаше „Пуштете ме да го видам“, рече Вики, на што следуваше одговор од Јелена: „Што е Вики, зошто секогаш ја браниш Цеца? Јас не ја напаѓам Цеца, само кажувам конкретни факти“.

Со години по медиумите се пренесуваат вести дека Цеца Ражантовиќ и Драгана Мирковиќ не се поднесуваат.

Иако досега немат изјавено нешто лошо една за друга, Мирковиќ во неколку интервјуа истакна дека нема проблем со својата колешка.

Меѓутоа, по толку години двете пејачки првпат се сретнаа на новогодишно снимање на РТС.

Иако организаторите им закажеле снимање во различно време, сепак тие се сретнале.

Имено, кога Мирковиќ завршила со својот дел и давала интервју во гардеробата се појавила Цеца. Драгана љубезно ја поздравила, а Ражнатовиќ само едвај одговорила и заминала во својата гардероба.

Од друга страна, Карлеуша не остана должна и ја прокоментира нивната средба.

РТС ја заслужува Цеца Ражантовиќ во својата Новогодишна програма, бидејќи тоа е лицемерие и мрак во кое се наоѓа Србија. Но, ми е жал што чесни луѓе како Драгана Мирковиќ се ставаат во ист кош“, напиша Јелена и додаде:
Колку оваа Цеца и нанесе зло, Драгана е кралица што и се обрати“, напиша Карлеуша на Твитер.

За потсетување, Карлеуша и Цеца не се во најдобри односи, па дури и неколку пати имаат завршено на суд.

Претходна статијаЛоши вести од Бугарија: Македонците кои плаќале над 1000 евра за пасоши ќе им бидат одземени
Следна статијаСите ја знаеме како русокоса: Еве како изгледа Лепа Брена со црна коса