Јана Бурчевска: Зар мораше мојата болест да ја наследи и ќерка ми

0

Болеста која пејачката Јана Бурческа ја има од своето раѓање, ја наследила и нејзината ќерка Дона, која во октомври наполни една година. Јана пати од атопичен дерматитис, хроничнo-воспалителна болест која се карактеризира со сува кожа, чешање и црвенило.

„Оваа болест имам од раѓање, а ја наследи и мојата ќеркичка, што значи имам искуство еден тон. Во времето кога јас сум била бебе, секако од она што ми кажувале моите родители, било исклучително тешко да се контролира состојбата поради недостигот на соодветни препарати. Среќна сум што во денес има огромен избор на производи за нега на атопична кожа, тоа на некој начин ме успокојува кога станува збор за состојбата на Дона“, раскажа Јана.

За болеста, таа вели дека навидум само надворешен проблем со естетски елемент, но сепак, атопискиот дерматитис може значително да го наруши квалитетот на живот. „ Чешањето може да биде неподносливо, особено во текот на спиењето.

Сум била во состојба кога кожата на рацете ми била толку сува и затегната што движењето на прстите ми се чинело невозможно. Замислете како овие симптоми ги поднесува едно бебе. За среќа, Дона досега немала толку агресивна форма како онаа што јас сум ја искусила и се надевам дека тоа нема да се случи“, оптимист е Бурческа.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин

Претходна статијаУтрешниот ден за овие хороскопски знаци ќе биде доста тежок – Дневен хороскоп
Следна статијаВодителката на Брза Кујна има дилема околу изгледот и бара совет од гледачите (ФОТО)