Овие три хороскопски знаци умеат да намирисаат пари на километар и од нив да направат уште повеќе пари со кои уживаат да си ги исполнуваат и најлудите фантазии.
Стрелец
Стрелците сакаат да погодуваат мета кој е во форма на евро. Стрелецот е ентузијаст и како таков тој е подготвен на се или ништо.
Поради склоност кон ризик има огромна шанса да направи добар бизнис, а со самото тоа и голема сметка во банка. Поради тоа што Стрелецот е огнен знак тој ќе се бори до крај за тоа што го сака.
Јарец
Јарецот е вреден, трпелив и амбициозен. Него единствено долгогодишен труд ќе го донесе до милиони.
На нив успехот им е запишан на челото, но мораат да ги спрегнат своите животни кочии и доста да се трудат и работат затоа што во спротивно може да се збогуваат со егозитичните патувања, луксузот и комотниот живот.
Бик
Биковите се материјалисти и сакаат удобност. Тие прво се сакаат себе си, па парите, а се останато може да почека. Од љубовта кон успехот и удобниот живот се во состојба да се трудат до невозможни размери за да успеаат и направат сериозни пари.
Парите им се силна мотивација за да уште повеќе се залагаат на професионален план. Со оглед ека со овој знак владее Венера неговите очекувања се реални и секогаш се труди да ги оствари. Тоа што е нивна добра страна е што го делаат тоа што ќе го добијат со другите луѓе.