Ќе му пукне душата на Сергеј Варошлија од стајлингот на Лила – Водителката се настега во тесни фармерки ФОТО

0

Нашата позната ТВ водителка Лила Стојановска доминира на само на телевизија, туку и на социјалните мрежи каде е вистинска кралица.

Од неодамна откри дека склучила договор и со една позната домашна етикета за долна облека, а веќе неколу дена ја „скокоткаше“ љубопитноста на обожавателите со секси фотографии.

Иако се уште не го откри финалното дело посветено на дочекот на Новата 2019 година, Лила објави тизер видео од стаботеното кое го запали Инстаграм.

Облечена во секси долна облека, стилизирана провокативно од глава до пети, Лила ги сопбра сите пофалби, а некои дури и поласкаа дека е подобра и од Софија Лорен.

Профилот на Лила Стојановска е празник за очи, особено во овој предновогодишен период. Познато е дека Лила е добра пријателка на модниот стилист и критичар Сергеј Варошлија, а во една прилика има изјавено дека Сергеј понекогаш знае да ја искритикува и нејзе, да и даде совет, а таа да го послуша.

Гледачите на неговата модна емисија добро знаат дека Сергеј често знае да нагласи дека тесните парчиња, особено фармерките треба да се комбинираат со некое предимензионирано парче, фотографиите да имаат добра позадина, а освен тоа да се престане со потенцирање на задникот или како што тој го нарекува- позната„чак-чак“.

Но, Лила очигледно подзаборави на овие совети од пријателот, па се „настега“ во тесни фармерки и тесна ролка, а на комбинацијата контрастот го стави на розовите високи потпетици.

Лила овој стајлинг го овековечи од гардеробата на матичната Сител телевизија каде снимаше нова епизода од квизот „Се или нешто“, а потоа реши да направи и една куса снимка на која се врцка со задникот.

Но, на познатите нели им е дозволено сè, бидејќи тоа го бара сцената и шоу-бизнисот, а мора да се признае дека Лила вака „настегана“ изгледа феноменално.

Извор: Вистина

Претходна статијаХороскопските знаци на кои им е судено да направат сериозни пари во животот
Следна статијаНеочекувани проблеми утре ќе имаат овие четири хороскопски знаци