Германија го усвои законoт – се отвараат вратите за работници од Македонија

0

Германската влада го усвои нацрт-законот за ангажирање квалификувана работна сила надвор од земјите на Европската Унија бидејќи се соочува со проблем на стареењето на населението.

Новиот закон предвидува граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ, а имаат квалификации потребни за Германија, да добијат дозвола за престој од шест месеци за да најдат работа. Во овој период, тие мора да имаат свои средства за живот и да покажат доволно ниво на познавање на германскиот јазик.

Министрите за економија и за труд, Петер Алтмаер и Хубертус Хајл, го поздравија донесувањето на законот оценувајќи дека со него ќе се овозможи праведна шанса и јасни правила во политиката за доселување на квалификувана работна сила.

Алтмаер изјави дека станува збор за историски момент во кој Германија го менува начинот на размислување кога станува збор за доселувањето.

„Ние зад себе ја оставаме идеолошката расправа за доселувањето која траеше 30 години“, рекол министерот алудирајќи на долгогодишното одбивање на политичките фактори во Германија државата да ја прогласат за доселеничка земја.

Претходна статија(ФОТО) Влатко Стефановски проговори за првпат по двете загуби за една година
Следна статија„Не за кого е ветено, туку за кого е печено“, – песната на Тамара Тодевска требало да ја пее Цеца