Гавазова: Во Австралија повеќе се слуша македонска музика отколку кај нас

0

Сузана Гавазова, иако важи за една од најсредените пејачки на домашната сцена, честопати можеме
да ја видиме и како позира без грам шминка.

Деновиве уште еднаш фолкерката докажа дека не пати од никакви комплекси, па повторно објави фотка на која е во природно издание, а фановите воодушевени од нејзиниот изглед и порачаа дека изгледа прекрасно и ја опсипаа со пофални зборови
и комплименти.

Инаку, Гавазова моментално е во Шведска со сопругот Јасмин и ќерките, а во едно интервју неодамна потенцираше дека има голема желба да се пресели во Австралија.

Презадоволна сум од животот во Шведска и супер ми е. И таму пеам и имам настапи, но тоа се случува поретко затоа што нашинците не организираат цело време забави, но кога организираат тогаш сите се весели и играат и пеат со мене.

Покрај Шведска, како втора варијанта за живот би ја одбрала Австралија, тоа е една преубава земја каде има многу Македонци и со задоволство би се преселила таму, нормално, доколку имам добра причина за тоа.

Па во Австралија повеќе се слуша и се цени македонската музика, отколку кај нас во Македонија”, рече Сузе која неодамна промовираше нова песна на српски јазик со која што официјално најави дека планира да го освојува и српскиот пазар.

Извор: Убавина и Здравје.мк

Претходна статијаАвстрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
Следна статијаСега и официјално: Папата доаѓа во Македонија – познато и кога точно