Eмотивна посвета од Пере – „Нокаут“ за своите две ќерки Македонки

0

Музичарот Никола Перевски-Пере е горд на своите две ќерки. Со емотивна објава на својот Фејсбук профил, фронтменот на „Нокаут“ ги опиша Михаела и Каја.

„ Горд сум на овие мои две ќерки Македонки. Љубов, љубов и само љубов. Позитивни мисли и вибрации. И кој нема ќерка, никогаш нема да ја бакне најубавата девојка на светот“, напиша Пере.

Неговата постара ќерка Михаела е и негов музички соработник. Таа ги пее придружните вокали на сите концерти на „Нокаут“. На славеничкиот концерт на бендот минатиот месец во СРЦ „Кале“, со кој „Нокаут“ прослави 20 години од првиот концерт на истото место, Пере ѝ го честиташе роденденот на ќерка си.

„ Беше бебе кога го правевме првиот концерт, а денес полни 20 години. Среќен роденден бејби“, рече Пере од сцената за ќерката.

„ Миа и Каја се мојата радост и гордост. Мојата вечна инспирација. Михаела има 20 години и цврсто граби напред. Студира на ЕСРА (музичка продукција) има свој бенд (Chemical X), кој звучи фантастично и сѐ повеќе се вљубува во музиката.

Се почесто соработуваме заедно, што значи добар удел во идеите за музиката на НОКАУТ има и таа, а повеќе пати настапувала како придружен вокал“ изјави Пере во едно интервју дадено за „Женски магазин“.

Претходна статијаВака изгледа Лора Турунџиева во првата бременост (фото)
Следна статијаЛажен директор му ветил работа во Герамнија: Го „закрпил“ за 4000 евра