Разводот уште и е болна тема за разговор на познатата пејачка Емина.
Српската пејачка Емина Јаховиќ прозборе за моментите како згаснал бракот помеѓу неа и турскиот пајч Мустафа Сандал, со кој беше во љубов 14 години, а во брак 10.
„Тоа не беше ни малку лесно искуство, а денот кога ставивме крај на бракот вечно ќе го паметам. Отидовме на суд и за 15 минути ставивме точка на нешто кое траело 14 години.
Се разделивме цивилизирано. Од тогаш поминаа шест месеци, а Мустафа и јас се трудиме да имаме нормален однос, поради децата“, раскажа пејачката за српските медиуми.
Емина и Мустафа спогодбено се договориле и за старателството над синовите, деветгодишниот Јаман и шестгодишниот Јавуз. Децата останаа со мајката. Сѐ додека биде сама, Емина добива месечна надокнада 3,000 евра, а ако повторно се омажи. ќе загуби право на неа.
Иако многумина помислија дека по разводот со турската мегаѕвезда Мустафа Сандал, поп-пејачката Емина Јаховиќ ќе ги спакува куферите и ќе се врати во Србија, изгледа работите се поинакви.
Имено, пејачката ќе продолжи да живее во Истанбул каде што нејзините синови Јавуз и Јаман одат на училиште, а судејќи по написите во медиумите, и’ претстои навистина раскошен живот.
При венчавањето со Мустафа, Емина потпишала предбрачен договор, а земајќи предвид дека за овие десет години, нејзиниот сопруг заработи многу повеќе од неа, злобниците помислија дека ништо од „кајмакот“. Меѓутоа, блиските извори на пејачката до тврдат спротивното…
Како што знаат сите, Емина и Мустафа имаат јахта вредна два милиони долари, а се шушка дека тој неодамна купил и приватен авион. Сиве овие години, тој работеше на многу проекти, така што неговата заработка се брои во милиони, а добар дел од нив ќе и’ припаднат на Емина.
Тој и’ помогна финансиски да почне со нејзината линија парфеми, а во план беа и инвестиции во Белград. Се зборуваше дека ќе градат хотел по една стара лиценца, но не знам што ќе биде сега по раводот. Тоа требаше да го почнат по продавањето на хотелот во Бодрум, кој со години беше во сопственост на семејството на Мустафа“, открива изворот.
Емина Јаховиќ неодамна ја започна врската со турскиот милијардер Садетин Саран. Српските медиуми пишуваат дека убавата пејачка веќе го запознала семејството на Саран и тие одлично ја прифатиле. На прашањето, што најмногу ѝ се допаѓа кај новиот дечко, таа одговори: „Не знам што да ви кажам. Сѐ ми се допаѓа, сѐ“.
Садетин Саран е 54 годишен турски милионер. Роден е во 1964 година во Америка. Неговиот татко бил владин службеник.
Саран живеел во Америка до својата дванаесетта година а потоа се преселил во Турција. По завршеното средно образование добива спортска стипендија за Универзитетот Кентаки.
По завршување на високото образование тој повторно се враќа во Турција каде работел во Министерството за култура.
Бил капитен на националниот пливачки тим а бил менаџер и на познатиот клуб Фенербахче.
Садетин го основач Саран холдингот чија цел е да го подобри известувањето за спортските манифестации и да го подобри нивото на спортот во Турција.
Медиумуте деновиве известуваат дека бизнисменот и пејачката Емина Јаховиќ, бившата сопруга на турскиот пејач Мустафа Сандал повеќе од еден месец се во тајна врска.
Двајцата се познавале уште додека Емина била во брак.
Никој од засегнатите досега не ја потврдил оваа информација, а Емина дури и бурно реагирала кога новинарите и побарале изјава за наводната љубовна врска.
Садетин Саран позади себе има два брака и ќерка а Емина од бракот со Сандал има два сина.