Дознајте кога е најдобриот период за купување авионски билет

0

Цените на авионските карти се менуваат секојдневно од повеќе причини, меѓу кои цената на горивото и побарувачката. Да се најде евтин лет може да биде предизвик. Така, доколку купите прерано може да платите повеќе. Чекајте повеќе и добивате сличен резултат. „Тајмингот“ е сè кога станува збор за авионските карти.

Агенцијата „Cheap Air“, која работи он-лајн, открива дека најчестото прашање кое го добива од потрошувачите е поврзано за времето кога е најдобро да се купи авионска карта. Секоја година, агенцијата подготвува извештај за да го даде одговорот.

Во 2014 година било пресметано дека најдоброто време за купување карта е 47 дена пред летот во границите на САД. Во 2013 година, се покажало дека најдоброто време е 54 дена пред летот. Во Европа, најдобро е да се купи карта 276 дена пред летот.

Во извештајот се пишува и за најдобриот период (наместо еден ден) за наоѓање евтини летови. За 2014, тоа е помеѓу 27 и 114 дена пред летот. Кога станува збор за меѓународните летови, најдоброто време е помеѓу еден и четири месеци пред летот.

Според регион

САД и Канада – 47 дена

Мексико – 251 дена

Карибите – 144 дена

Јужна Америка – 96 дена

Европа – 276 дена

Среден Исток – 213 дена

Африка – 262 дена

Азија – 318 дена

Јужен Пацифик – 244 дена.

Што правите со вашиот авионски билет откако авионот ќе слета? Дали вие:

1. Го оставате во „џебот“ на седиштето?

2. Го фрлате?

3. Немате поима каде сте го ставиле, меѓутоа ви е мило што не знаете каде е билетот, а не вашиот телефон.

4. Го носите дома со вас и подоцна го фрлате.

Повеќето од вас ќе одговорат дека го земаат со себе и подоцна го фрлаат понесени од логиката дека билетот за лет кој веќе поминал нема никаква вредност, освен секако, некоја сентиментална која ве тера да го зачувате засекогаш.

Меѓутоа, доколку вашиот одговор е под 1, 2 или 3, тогаш може да се соочите со крадци на идентитети, хакери, па дури и прогонувачи. Според неодамнешен извештај од „CBS News“, овие билети содржат чувствителни информации кои се важни за вас и вашиот идентитет.

Имено, Брајан Кербс, поранешен репортер на „Washington Post“ се заинтересирал за тоа колку билетот може да открие, па дознал како некој човек случајно на Фејсбук видел билет. Човекот успеал да го скенира баркодот на пасошот и да открие голем дел од личните податоци. Баркодот не само што му ги прикажал името и бројот на летот, туку и локаторот за снимање на летови кој може да се искористи на веб страната на авиокомпанијата со кој летал човекот.

Но дали баркодот од авионскиот билет навистина содржи толку чувствителни информации? „Секако дека постојат многу информации, меѓутоа не толку за да може да ви ги следи летовите и да ви ги менува седиштата“, вели Кашмир Хил од „Fusion“.

Доколку хакерите успеат да влезат во профилот потребно е да го знаат пинот или лозинката или во друг случај треба да одговорат на безбедносно прашање со цел да го завршат процесот.

Сепак, ова не е многу тешко, со оглед на постоењето на социјалните мрежи. Овие информации можат да се пронајдат на Фејсбук/Твитер профилот на корисниците.

Сето ова покажува дека авиокомпаниите не треба да дозволуваат да бидат достапни вакви ранливи информации на нивните авионски билети. За останатиот дел од вас, подобро би било да го искористите вашиот дигитален билет.

Извор: Факултети

Претходна статијаВИДЕО Пилотот дознал дека неговиот наставник е во авионот, па направил нешто што ќе ве остави без текст
Следна статијаСамо лице со ваков опис ако ви влезе дома по Нова Година ќе имате среќа