Дојде време да се стави крај: Ерик Фокс со „клоца“ за Симона Поповска

Ерик Фокс ја прекина соработката со атрактивната пејачка Симона Поповска. Оваа инфорација за јавноста ја пренесе „Ексклузив“ на 1Тв.мк

Пејачката многу брзо заборава кој и помогна во нејзините почетнички денови, па откако почнала да откажува веќе договорени свирки од Ерик Фокс добила „клоца“.

Како што се наведува, Поповска почнала сама да закажува настапи во локали каде што претходно настапувале заедно со Ерик кој воедно и е и менаџер. Ова било моментот кога се прелила чашата сооглед на тоа што нивните односи веќе од претходно се нарушени.

Симона се венчаше, а на свеченоста не беше повикан човекот кој ја втурна на естрадата, а самиот Фокс изјави дека од медиумите дознал дека Поповска се венчала.

Сега Охриѓанката веќе е минато со Ерик Фокс и овие двајца повеќе не се во добри односи. На последните настапи, на него, Симона ја менува младиот модел Кристина Поп Трпева.