Девојките ќе се разочараат, познатиот пејач одлучи: Ќе се женам во Март

Саша Ковачевиќ наскоро ќе и каже „да“ на поранешната манекенка Зорана Тасовац за која пејачот во повеќе наврати има истакнато дека е совршена жена за него и е негова најголема поддршка. Тој во интервју за „Стори“ зборувал за тоа како тој и Зорана ја негуваат својата врска:

Меѓу мене и Зорана не постојат тајни. Проблемите кои не мачат не ги туркаме под тепих, затоа што веруваме дека најдобар е оној однос кој е изграден врз цврсти темели. Отворено зборуваме за сè, и така ја негуваме нашата љубов.

Ние сме свесни дека страста не може да да биде иста како на почетокот на врската, и затоа се обидуваме да најдеме начин да ја вратиме“ – вели Ковачевиќ.Запрашан за потенцијалната женидба, Саша одговорил со насмевка.

Зошто да не, здравје Боже, да завршам со уште малку од обврските околу новите песни и големите концерти што следат, па ќе видиме од март. Ќе дојде и тоа на ред. Со оглед на тоа дека ми е неопходен одмор на кој наскоро ќе заминам со Зорана, можеби ќе ве израдуваме и со таа информација од некоја далечна и егзотични дестинација“ – рекол Саша.

Поврзани вести