Дарко Лазиќ за првпат се огласи и јавно и призна: Јас сум виновен за се

Популарниот пејач пред два месеци доживеа тешка сообраќајна несреќа, а сега оздравува во бања во Белград.

Во интервју за „Курир“, Дарко Лазиќ откри дека се кае за сите случувања и од овој лош период ја научил лекцијата.

loading...

Тој истакна дека ќе биде сериозен и дека ќе мора да внимава.

„Морам да го намалам брзото темпо на живот, да бидам посериозен. За жал, јас ова го сфатив на овој начин, некои луѓе мора да поминат низ вакви ситуации за да сфатат. Не сакам да се сеќавам на тоа бидејќи се нервирам. Многу сум бесен на себе. Се обивинувам. Јас сум виновен за се“ вели Дарко.

Лазиќ истакна дека очекувал и некои луѓе да бидат покрај него, меѓутоа тоа не се случило.

„За жал, за некои луѓе што очекував да бида тука не се,ниту пратија порака,ниту се јавија. Тоа е нивен избор. Секако, во иднина ќе гледам различно на тоа“ вели пејачот.

Тој објасни дека едвај чека да се врати на сцената, дека ќе сними нови песни, па ќе направи концерт во „Арена“.

За потсетување, Лазиќ ќе стане татко по вторпат односно неговата свршеница Марина е бремена.

loading...