Дарко Лазиќ после два месеци повторно запеа – видео од првите отпеани стихови

0

Пејачот Дарко Лазиќ се опоравува по тешката сообраќајна несреќа која ја направи пред два месеци.

Тоа утро кога пејачот Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа, од која се уште закрепнува, пејачот дознал дека ќе стане татко по втор пат.

На Лазиќ во рана зора, после веселбата на која бил со пријателите во Шабац, му се јавила свршеницата Марина Гагиќ да му соопшти радосни вести. Од среќа пејачот не можел да заспие, туку тргнала за Брестач.

-Со денови се нагаѓаше зошто Дарко после веселбата тргнал во родното место, кога можел да остане во својот апартман и убаво да се наспие. Меѓутоа имал силна причина. Имено тој пеел до зори, а кога дошол во соба, му се јавила Марина да му ги соопшти убавите вести. Таа тоа утро направила тест кој покажал дека е во благоловена состојба.

Дарко бил толку среќен, што веднаш посакал да биде со неа. Не му било важно што цела ноќе пеел и што е уморен, па седнал во автомобилот и тргнал кон дома, не насетувајќи дека таа одлука за малку ќе го чинела живот, рекол пријател на Дарко и додал дека неговата свршеница се надевала дека тој ќе остане да преспие во Шабац, бидејќи знаела дека е уморен.

По овие написи се огласи и самиот пејач, кој во телефонски разговор за „Курир“ потврди дека тој ден добил убави вести.

„Не сакам да се сеќавам на тој ден. Точно е дека добив убави вести и тоа е се што сакам да кажам на таа тема. Среќен сум што повторно ќе станам татко, посебно што мојата ќерка ќе добие брат или сестра. Во целата ситуација, Бог не благослови“, изјавил Дарко.

Тој додаде дека му е благодарен на својот менџер и дека едвај чека да се врати на музичката сцена.

„Тоа ми е голема желба. Без музика мојот живот нема смисла. Во најтешките моменти со мене беа моите родители, мојата Марина и мојот менаџер. На него сум му доживотно благодарен. Едвај чекам да оздравам и да продолжиме со работа. Гледам дека во негова оргиназација се најдобрите случувања за Нова година и многу ми е драго“ вели Дарко.

За потсетување, кон крајот на октомври Лазиќ се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа кога излета од патот и се преврте неколку пати.

Пејачот се чувствува се подобро и подобро, а неодамна и излезе од болница и замина на лекување во бања.

Доказ дека Дарко се чувствува одлично и расположено е тоа што тој за прв пат запеа по страшната несреќа, погледнете.

Видеото може да го погледнете на следниот линк

Претходна статијаМакедонскиот водител Жанко бара девојка за озбилно
Следна статијаДенеска е Свети пророк Наум – Една работа се прави за здравје и љубов кон своите најмили