Популарниот српски пејач сега е во брак со водителката Јована, но пред нејзе Жељко Јоксимовиќ имаше уште една сопруга со која ја има ќерката Мина.
Поранешната сопруга се вика Весна, а Жељко со неа стапи во брак на свои 23 години. Со својата долга црна коса и црни очи може да се каже дека и таа како и сегашната жена на пејачот, изгледа одлично.
Kако што јавија српските медиуми, пејачот пред две години побарал од Српската православна црква да му го поништи првиот брак за да може на вечна љубов да и се заколне на Јована.
Пејачот Жељко Јоксимовиќ од овој брак има ќерката Мина, која очигледно израснала во вистинска убавица.
Мина Јоксимовиќ многумина ја паметат како симпатично девојче со голем талент за музика, меѓутоа на мажите им го помати паметот со фотографиите кои ги става на социјалните мрежи. Освен убавите облини, младата Мина плени со убавината која ја наследила од својата мајка.
Пред година дена на денешен ден водителката Јована Јанковиќ заедно со пејачот Жељко Јоксимовиќ ги добија близнаците Срна и Ана