Атрактивната Симона Поповска е жешка Баба Мразица во црвено фустанче (фото)

0

Дека е една од најубавите тазе докторки специјализантки на скопската клиника, нема сомнеж, а она дека исто така грми со својата појава на сцената со миктофонот во рака, не треба многу да потсетуваме, бидејќи тоа го прави од поодамна.

Крвта не е вода, а Симонче својот талент во музиката и пеењето, го има наследено од својата мајка, за која вели дека имаат речиси ист глас, но мама не се занимава со музика.

Атрактивната македонска пејачка Симона Поповска од неодамна ја заврши соработката со диџејот Ерик Фокс со кого настапуваше заедно со години.

Сега, Симона веќе има нов соработник на сцена, а станува збор за Бока Конга, момчето кое важи за еден од актуелните модерни свадбени забавувачи на конги.

Бока и Симона веќе и најавија на публиката дека ќе може заедно да ги слуша и гледа низ цела Македонија.

Изминатиот викенд оваа музичка двојка настапуваше на приватна забава во Кавадарци, градот каде Поповска најчесто настапува, а по тој повод пејачката избра ултра провокативен изглед.

Имено, таа се појави во кусо црвено фустанче како секси Баба Мразица од кое истакна длабоко деколте се до папокот од кое делумно ги покри градите, а згора на тоа ја запали публиката и со витките голи нозе.

Единствено и недостасуваше само црвена капа за да биде оригинална Баба Мразица, но и вака беше и повеќе од атрактивна пред публиката.

Овој изглед мораше да се овековечи, па Симона не пропушти да го вжешти и Инстаграм.

Извор: Вистина

Претходна статијаБајката со која Балашевиќ ѝ помогнал на неподвижната ќерка да застане на нозе
Следна статијаМакедонската фолкерка во бикини – го покажа телото без фотошоп Фото