Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на една жена. Постарите често знаат да кажат дека уште од самиот почеток на бременоста тоа се забележува на лицето, а во случајот на фолк-пејачката Анастасија Петреска тоа е евидентно.
Од неодамна таа и нејзиниот сопруг Владимир, открија дека за неколку месеци ќе имаат проширено семејство, на што особено се радуваат.
Од последните објави на социјалните мрежи може да се види дека пејачката е од активните трудници кои не се штедат на прошетки во секоја прилика.
Од приложеното може да се види дека нејзиното лице блеска и без шминка, а особено дополнителен украс е нејзината долга црна коса.
Анастасија е една од ретките пејачки што претпочита природна убавина, а особено во овој нејзин период, посебено блеска.
И нејзиниот татко Наум Петрески изјави дека е особено среќен што ќе стане дедо и ќе добие внука од својата прва ќерка.