Лепа Брена отсекогаш важела за јавна личност со хармоничен брак и семејство.
Изминатава година медиумите до детали известуваа за раскошната свадба на Филип Живојиновиќ, синот на Боба од првиот брак и пејачката Александра Пријовиќ.
Парот го очекува и своето прво дете, но како што пренесуваат српските медиуми, Живојиновиќ деновиве се соочуваат со голем скандал.
Според пишувањата на новинарите од соседството, наводно Филип имал љубовница која тврди дека е бремена од него. Кога дознала за ова, Александра доживеала шок.