Аделина Тахири отворено праша: Кога можеше принцот Хари да ја земе Меган, зошто не јас и Јоже

0

Популарната албанска пејачка Аделина Тахири на почетокот на годината стави потпис во матично и официјално заплива во брачните води. Имено, Аделина се омажи за познат скопски адвокат. Нивната љубов наиде на многу критики бидејќи парот е од различна националност.

Меѓутоа, популрната пејачка вели дека за неа тоа не претставува проблем и дека не се замара со секави коментари, но поради фактот што е јавна личност мора да се објаснува. Во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска таа проговори за сопругот и за нивната љубов.

„Јас се заљубив без да сфатам дека сум заљубена, со неговиот разговор, со неговото знаење. Кога седам со него знам да разговарам и за мода, за книги и за се е информиран. Тој знае се да разговара со мене. Знае да даде љубов и да биде маж кога треба“ вели Тахири. Таа вели дека луѓето не треба да имаат предрасуди и дека тоа што таа се венчала со Македонец не е ненормално. Според Аделина љубовта нема граници.

„Го кажувам тоа бидејќи кога можеше принцот Хари да ја земе Меган, а нема никава причина да не бидат заедно, зошто треба да биде причина јас и Јоже да не сме заедно. Меган има црнечка крв, разведена, јавно се бакнувала со други мажи…Еден куп причини кои не ги дозволува кралското семејство.

Зошто треба да биде дискутабилно ова меѓу мене и Јоже кое што е сосема нормално“ вели Аделина. Инаку, Аделина и нејзиниот сорпуг уживаат во родителството на нивниот син Јон, а своето слободно време го поминуваа заедно.

Претходна статија(ВИДЕО) И од Сергеј се најде посергеј – Камионџијата Дарко го коментира изгледот на Варошлија
Следна статијаСе огласи и мајката на бремената вереница на Дарко Лазиќ: Еве кој од семејството е против врската на нејзината ќерка и пејачот