Затвореници од Шутка му порачаа на Груевски дека го чекаат, но од фотките кои ги испратија навираат солзи

0

Активистката  Мери Николова  објави  фотографии за катастрофалните услови во Шутка, кои ги добила од затвореници. По објавите за катастрофалните услови во затворот во Идризово, Штип и Прилеп, денес ќе ги видете најкатастрофалните услови во Шутка, ќе погледате во какви услови затворениците од Шутка ја издржуваат својата казна.

Тие велат, и куче да ставите да спие овде ќе умре за 10 дена а не па луѓе што лежат по 30 месеци и тоа многу од нив невини. Грујо, те поздравувам во нивно име и ти пренeсувам, те чекале добри душеци за спиење и добар тоалет, пишува Николова. Еве што и напишале затворениците:

„Ако можеш да ги објавиш овие слики за да знае народот каде уште неосудени лица седат овде по 20 и 30 месеци. Спијат на земја, без парно на минусни температури, вечераат секоја вечер супа без фиде, просториите се без дневна светлина. Да знаат луѓето за тортурата од лекарите.

Ние сме 23 часа и 30 минути во затворен простор, а само 30 минути надвор. Дали сте се запрашале кога последен пат имало амнестија? Од дома ако не ти донесат ќебе, нема со што да се покриеш. Влага има секаде. Од кај Народниот правобранител измериле дека влагата на воздухот е 54 пати над дозволеното. Се е катастрофа“

Извор: Булевар 21

Претходна статијаПо Дарко Лазиќ, уште една ѕвезда на „Гранд“ со сообраќајна несреќа
Следна статијаНово зголемување на платите во здравството од 1 Јануари