За Швајцарија и Германија знаеме речиси сè, но како се живее во Москва, раскажува Ива

0

Имам 35 години и се викам Ива. Да бидам искрена, мислев дека студениот воздух во Русија ќе ми испегла некоја брчка, ама за жал, тоа не се случи. Пред една година заедно со мојот сопруг и двете деца седнавме во авион и тргнавме во нашата голема авантура во Русија. Никогаш не помислував дека ова некогаш ќе го направам. Преселбата беше многу брза, се’ се случи за околу еден месец. Мојот сопруг доби понуда за работа, па така одлучивме сите заедно со него да се преселиме, бидејќи не сакавме да бидеме разделени. Сега не можам точно да се сетам на првите денови.

Знам дека многу се сомневав, како децата ќе продолжат во училиште, како јас ќе се снајдам воопшто, дали неговата работа ќе биде 24 часа. За да биде уште полошо, се најдовме со пријателка која израснала во Москва а нејзиното искуство не беше позитивно, па така од старт ме разочара. Но, тоа ми беше добра школо дека не треба да им се верува на луѓето кога говорат за другите нации, а доколку си доволно отворен и подготвен да ја прифатиш новата култура, нема да има никакви проблеми.

Бидејќи компанијата го организираше преселувањето, многу брзо најдовме стан и се воодушевивме од него. Иако кога пребарувавме наидовме на се’ и сешто, станови со црвени теписи на ѕидовите од спалните соби, стан на кој му недостигаше една соба, стан со скали во кој моравме по нив да се симнуваме седечки бидејќи беа како да се спушташ од Монт Еверест. Тешко ни беше да сфатиме каде и што е Центарот на Москва. Ни требаше време да сфатиме дека станот кој го изнајмивме е во центар, само 20 минути од Црвениот плоштад. Луѓето се супер ако се навикнеш на нивните обичаи.

Секогаш се сериозни, што и да прават, дури и кога продаваат пченка на тезга. Русите сметаат дека ако ја обавуваш својата работа со насмевка, тогаш нешто не е во ред со тебе и дека не си доволно концентриран на работата. Мене ми беше најтешко да се навикнам дека на улица не треба да им се насмевнувам на луѓе што не ги познавам, имено, сигурно ќе си помислат дека сум избегала од некоја лудница.

Градот е совршено сигурен, на секој чекор има полиција или осигурување, а во метрото персонал. Меѓутоа, не чувствувате дека тоа ви го расипува доживувањето, туку напротив, се чувствувате сигурно. Мојата најголема грижа околу Москва беше дека тоа е град во бетон, но тоа е далеку од вистината. Точно дека сообраќајот е ужасен и дека понекогаш ако седнете зад волан ви е потребен цел час за да поминете 4 километри, но постојат и други опции. Метрото им е совршено, возовите доаѓаат на секоја минута и можете во било кој дел од Москва да стигнете за најмногу 20 минути.

Москва има безброј паркови. Постојат три големи. VDNH паркот е толку голем што веќе петпати го посетуваме а се’ уште не сме успеале цел да го поминеме. Тука не е проблем да најдеш некоја занимација за деца, туку проблемот е што да одбереш од сите милион работи кои се нудат.

Од неколку интересни работи би го издвоила KidZania – детски град. Тоа е огромен град изграден во внатрешноста на шопин центарот во кој децата можат да учат различни занимања и тоа, како да заработат виртуелни пари или пак мораат да платат ако сакаат нешто да научат. Така нашите деца станаа забар, поштар, работеа во супермаркет, а ќерка ми доби и пилотска лиценца и успеа да им го расипе симулаторот.

Мене ми е интересно после десет години работење да се најдам во ситуиација да не работам. Ова ми доаѓа како трето породилно боледување. Децата се веќе 5 и 7 години, па цел ден од 7 до 16 часот поминуваат во школо. Јас пронајдов многу различни луѓе и некои многу блиски пријателки со кои ги поминувам деновите. Бидејќи завршив за професор по англиски, и давам часови на една Корејка. Мојот сопруг супер се снајде во руската култура иако вели дека најголем проблем му било да ги навикне своите колеги на шегите кои ги кажува. Имено, Русите ја сфаќаат шегата само ако на крај им напомените дека тоа била шега.

Што се однесува до бирократијата, полоша е од кај нас, подгответе чеични нерви. Само за да отворите сметка во банка ќе ви бидат потребни најмалку 2 часа, а за уплата еден час. За секоја работа што мора да ја направите, мора да потпишете минимум 10 документи. Чекање во пошта-најмалку еден час. Кога и да ми испрати пакет мајка ми, тоа е цела процедура околу тоа како да се преземе пакетот. Имено, тие чекаат јас да одам во пошта и да го земам пакетот, па дури отпосле ми испраќаат известување дека пакетот пристигнал.

Галама: С.П. / Фото: Илустрација

Претходна статијаЗоран Заев: Јас сум Македонец и тоа чувство не може никој да ми го земе
Следна статија„Јас не растам само син, туку и иден сопруг и татко, а пред сè човек“: Приказна на една мајка