За Дарко е подготвен апартман – пејачот со денови повикува само еден човек

0

Докторите го надгледуваат пејачот Дарко Лазиќ на секои 5 минути, но тој се уште не може да ја движи ногата која му е оперирана. Меѓутоа, се уште не се знае кога пејачот ќе може да стане од кревет и да застане на свои нозе.

Пејачот би требало за 15 дена да излезе од интензивна нега. Точната слика за неговото здравје ќе се знае за пет дена во зависност од тоа како ќе се одвива закрепнувањето.

Лазиќ после интензивна нега ќе биде сместен во апартман.

Дарко деновиве зборувал дека му недостасува семејството, а најмногу неговиот брат Драган со кој е особено поврзан.

Пејачот досега беше опериран 3 пати.

Пејачот Дарко Лазиќ минува низ вистински делириум, бидејќи поради сериозните повреди кои ги задобил во страшниот судир на 23 октомври и апстиненцијалната криза која го тресе, како што стојат работите, веќе не може да има ни деца.

Дарко Лазиќ и Ана Севиќ конечно ќе стават точка на четиригодишниот брак и тоа во болница.

Имено, Дарко се согласил да ги потпише документите за развод, што избегнувал да го направи во последните 11 месеци, а разделувањето на сопружниците наскоро ќе биде и официјално.

Дарко на овој чекор се решил како би ја заштитил поранешната сопруга Ана Севиќ од медиумски притисок, но и поради тоа што сака да ја официјализира својата врска со свршеницата Марина Гагиќ.

Претходна статијаУХМР најавува температури под нулата и снег – детална временска прогноза
Следна статијаОткриено како Никола Груевски ја преминал унгарската граница