Кои пријави се задолжителни кои треба да ги направите во првата недела по вашето доаѓање во Германија
1. Задолжително пријавување на адреса во локалната општина
Секој кој престојува во Германија е задолжен да ja пријави ( anmelden ) адресата на кој престојува односно живее. Пријавата на адреса за престој во Германија е приоритет број еден, бидејќи според законот морате да се пријавите во рок од 7 дена. Ако живеете во Rheinland-Pfaltz, морате веднаш да се пријавите. Ако нешто не ви е јасно во врска со пријавата, дозволата за престој или било кој официјален документ ( како возачка дозвола на пример ), можите да се јавите на бројот 115 за помош ( на германски јазик ) или да побарате официјална установа.
2. Отворање на сметка во банка
Ако работите или треба да плаќате кирија и слично, тогаш скоро во сите случаеви ќе треба да отворите сметка во банка во најбрз рок. Кога работите задолжително плаќате и данок. За тоа исто така мора да добиете даночна класа од бирот за регистрација. Ќе добиете даночен број и даночна класа.
Ако работите и плаќате даноци, тогаш плаќате и социјална заштита. Тоа е осигурување во случај на болест. ако останите без работа, несреќа и потреба од долго болничко лекување
3. Здравствено осигурување
Германија има одличен здравствен систем, но за да го користите мора да имате здравствено осигурување. Затоа задолжително треба да се пријавите во некој од здравствените фондови, без разлика дали тоа ќе биди државниот фонд (gesetzlichehrankenkasse) или некој од приватните.