Шармантната водителка Елена Стојановска речиси секое утро гледачите имаат прилика да ја гледаат на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, каде со својот професионален пристап ги информира гледачите.
Но, убавата Елена е доста активен корисник и на социјалните мрежи каде редовно пред јавноста открива детали од своето секојдневие и приватноста. Овој пат таа на својот профил го објави најдрагото во својот живот – нејзината ќеркичка.
Поводот за тоа беше роденденот на нејзината сакана наследничка, односно денот кога пред седум години Елена се реализираше во улогата на мајка.
-Љубов моја најголема. Денес е твој ден, мојот најважен ден 13. Ноември. Не можеш ни да замислиш колку многу ме смени, колку сум горда и среќна дека си моја. Мое шеќер бебе. Среќен 7-ми роденден! Секој ден те сакам се повеќе! Мама, напиша Елена во посветата за својата најсакана Илина.