Стевчо Јакимовски: Груевски е минато завршено време во оваа држава

0

Вечерашни гости во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија, гости се сопственикот на “Капитал” Љупчо Зиков и Претседателот на партијата Гром, Стевчо Јакимовски.

Со оглед на денешните настани и апсењето на повеќе бизнисмени, но и одлуката за отфрлање на жалбата на поранешниот Премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а со тоа активирање на решението да оди во затвор, новинарката постави прашање, дали овие настани имаат поврзаност со политичките настани.

Стевчо Јакимовски изјави дека Никола Груевски е минато свршено време во оваа држава и ние треба да престанеме да се занимаваме со него, бидејќи, кога ќе одите во продавница не ве прашуваат дали Никола ќе оди во затвор, туку ви бараат пари.

Тој исто така го обвини судството за испорачување на нарачани одлуки во спрега со власта.

Претходна статија1ТВ: Груевски вечерва влегува во затвор?
Следна статијаМицкоски: Груевски е жртва на политичка хајка