1ТВ: Груевски вечерва влегува во затвор?

0

1ТВ дознава дека екс премиерот Никола Груевски вечерва сам ќе се пријави на отслужување на двегодишната затворска казна откако доцна попладнево Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје ги отфрли сите жалби поднесени од адвокатскиот тим и жалбата поднесена лично од него.

По доставувањето на одлуката, нему му преостанува сам да се пријави или да биде полициски спроведен на издржување на казната. Според некои најави, се очекува тоа да се случи уште вечерва, односно Груевски да го избегне спектакуларното приведување како и камерите и новинарскиоте екипи.

-По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции, наведува Судот.

Груевски е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека одбивањето на жалбата на Никола Груевски покажало дека станува збор за политички прогон.

-Чинот ја потврди тезата за политизираното судство. Никола Груевски е жртва на политички прогон. Кога тие беа опозиција сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од Македонија, а сега е осуден за стекнување нематријилна корист. Груевски најпрвин во Парламентот не му го одземаа мандатот, а Кривичниот совет покажа дека е вршен притисок. Груевски во случајот добил добивка да се вози со возилото, кое и сега го користи владата. Пред емисијава и јас слушнав дека веднаш по приемот на одлуката, ќе треба да се јави во затвор. Навистина сме разочарани, рече Мицкоски.

 

Претходна статијаСрцето ми се кршеше кога гледав – на Божиќ дознав дека ми оставил уште еден тестамент
Следна статијаСтевчо Јакимовски: Груевски е минато завршено време во оваа држава