Спенџарска и го презеде бизнисот на Лоба – таа ќе стане бренд амбасадор (ФОТО)

0

Во последно време како да стана мода македонските јавни, естрадни или ТВ фаци да станат заштитни лица или како што некои од нив милуваат да кажат, „бренд амбасадори“ на некоја домашна марка, фирма, бренд за… се’ и сешто! Или на оние кои ги застапуваат и продаваат кај нас. Од прехрамбени производи, пијалаци, козметика, облека, накит и акцесоари до автомобили… Рекламира кој што стигне и обратно… Му даваат да ги рекламира, кој како стигне…

Македонските ТВ водителки како што споменавме, не се исклучок… Од Лила, Марјана Станојковска, Милена Антовска… па се до најновата комбинација: водителката на утринската на Канал 5 – Јелена Спенџарска и познатиот македонски бренд за пижами, ноќници, долна облека, костими за капење, хулахопки…

Нив до душа последните година-две ги рекламираше македонската поп пејачка Викторија Лоба и тоа може да се каже доста успешно. Градските билборди, излозите, магазините, интернет порталита, а Бога ми и социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од пејачката, облечена во моделите на споменатиот бренд.

Ликот на Лоба ви се смешкаше или ги скокоткаше машките мечти, кога ќе ја видевте пејачката провокативно облечена токму во некое парче долна облека или костим за капење на македонскиот бренд, како сензуално го носи на себе.

Но, големото модно шоу на познатиот бренд насловено „Дијамантска сензација“ наговести, а нивното ново заштитно лице потврдува дека пејачката и брендот очигледно повеќе не соработуваат. Зошто и како – остана во доменот на личните бизнис релации, а брендот решил: Од Лоба на Спенџарска! Од пејачката се префрлија на водителката!

Таа е замената, нејзина алтернација за рекламирање на нивниот асортиман на производи. Соработката ја почнаа со пижами и фотосесија… И тоа музичка, распена, разиграна… пижама парти!

Извор: Вистина

Претходна статијаСе уште во Македонија има чесни и добри луѓе: Другар извини, те удрив пиши ми ќе подмирам
Следна статијаАлександра дојде на слава кај Лепа Брена – сите зборуваа дека е здебелена, но ова никој не го очекуваше