Слаткар: Зошто и Македонија да не лапа пари – само тоа може да не извади од оваа економска состојба

0

Марко Маринковиќ- Слаткаристика ја поддржа декриминализацијата на канабисот како дел од кампањата на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ од Скопје.

Слаткар беше дел од промоцијата на вториот дел од кампањата кој денеска се одржа во Универзалната сала и изјави дека канабисот во Македонија треба да се легализира.

„ Во Америка, канабисот легално се користи во 29 сојузни држави за медицински цели. Неодамна, во Амстердам го снимав мојот нов спот “I wanna get high“. Холандија како земја, освен што е позната по лалињата, велосипедите, по проститутките, позната е и по легализацијата на канабисот. Ја посетуваат 5 милиони туристи годишно. Зошто и ние да не станаме Холандија?

Зошто и ние да не лапаме пари од странски туристи? Само тоа може да не извади од оваа економска состојба“, изјави Слаткар на промоцијата. Како дел од здружението „Билка“, на настанот зборуваше и пејачот Џон Илија-Апелгрин.

По официјалниот сел, премиерно се прикажа спотот за песната “I wanna get high”

Извор: Женскимагазин.

Претходна статија(ВИДЕО) Главниот проблем на Македонија е жената пред „Буњаковец“ која продаваше малини, бадеми, лешници
Следна статијаКонечно: За прв пат по бегството на Груевски се огласи претседателот Ѓорге Иванов