СЈО: Судот уште во јули 2017 година утврди дека Јанакиески и Божиновски може да избегаат

0

Во врска со Решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кои им се определени мерки притвор на обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, во рамки на предметот познат во јавноста како “ТИТАНИК”, ѝ појаснуваме на јавноста дека опасноста од бегство кај двајцата обвинети е констатирана од страна на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со Решенијата донесени уште на 2-ри јули 2017 година кога на обвинетите им се определени мерки на претпазливост – одземање на патните исправи за преминување на државната граница и дипломатските патни исправи, како и обврска истите да се јавуваат секој работен петок во судот.

На предлог на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, имајќи ги предвид сознанијата дека обвинетите планираат бегство како околности кои укажуваат на основана опасност за нивно бегство, констатира дека целите на мерките за обезбедување на присуство на двајцата обвинети во текот на оваа постапка не можат да се постигнат со дотогашните определени мерки на претпазливост, од кои причини донесе одлуки за изрекување на мерка притвор за двете лица, како неопходна мерка за непречено водење на кривичната постапка и обезбедување нивно присуство.

На предлог на СЈО, Кривичниот совет имајќи ги предвид сознанијата дека обвинетите планирале бегство, а тоа не можело да се спречи со веќе постоечките мерки за претпазливост, одлучил да им изрече мерка притвор.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно на прес- конференција рекоа дека судот мора да им ја укине мерката притвор на Јанакиески и на Божиновски.

„Судот мора да се ослободи од притисокот и да ги констатира пропустите направени при изрекувањето на мерката притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Нема ниту една причина, нема доказ или релевантна информација дека тие имале намера да не ги почитуваат мерките на претпазливост кои веќе им се изречени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанакиески и Божиновски беа однесени во притвор во Шутка по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил.

Претходна статијаВработена во пекара се отвори – не сте свесни што јадете
Следна статијаЖeните во овие ситуации изневеруваат без око да им трепне