Вработена во пекара се отвори – не сте свесни што јадете

0

Милана која е вработена во пекара во Србија открила застрашувачка вистина која се случува во кујните на пекарите и скапоцените ресторани. Имено, Милана и нејзиното поранешно момче долго време работеле како пекари во ресторани по Белград и Панчево, каде затекнувале неверојатни услови на кои се подготвуваат пекарите.

Таа рекла дека воопшто не е необично да се борат со бубашваби и глувци на места каде се подготвува храна, односно дека сопствениците на овие објекти не внимаваат на хигиенските услови додека добро им оди продажбата. Милана своето искуство го пренела и на студентите на сите белградски универзитети, кои се бунеле на квалитетот на храната во мензите, односно сакала да им доближи зошто е тоа така.

-Трпеливо молчев досега, но не можам, морам да искоментирам нешто во врска со оваа критика на сметка на мензите. Имав задволство да работам еден период во пекари, заедно со моето момче кој беше готвач. Избегвме од таа индустрија и тоа поради ова:

Буреците и пиците од 50 денари кои ги купувате во пекарите главно се произведуваат во простории по има бубашваби, а се наоѓа и по некој глушец. Работев во пекара во која додека правиш сендивч ти влезе купувач, мораш да го оставиш на пола и да го услужиш клиентот, а кога ќе се вратиш врз сендвичо шетаат бубашваби“, рекла Миалана.

Секој леб или кифла што ќе падне на под уредно се враќа на полица. Печурките на пицата никогаш не се мијат пред употреба. Таму каде што има брашно има и бубашваби, а инспкецијата тука не помага многу,. Не сте свесни што јадете“, рекла Милана.

Фото: Илустрација

Претходна статијаФилипче се пофали со нова инвестиција: Набавени нови амбулантни возила за Итната медицинска помош
Следна статијаСЈО: Судот уште во јули 2017 година утврди дека Јанакиески и Божиновски може да избегаат