Северина: Најдобриот совет ми го даде дедо ми

,,Облечена или гола , баш сум добра женска . Најдобриот совет ми го даде дедо ми. “ , вели познатата пејачка, која за прв пат ги искоментира разголените фотографии.

Северина (46) до сега молчеше за разголените фотографии , кои ги преплавија медиумите во регионот. Но, сега во интервју за хрватско списание раскажа како се чуствувала кога фотографиите се појавија во јавност.

,, Кога излегоа овие фотографии со мене како од мајка родена во пози на моделите на Рембрант , веднаш му се јавив на мојот менаџер Томица и му реков тие фотки да ги стави на обвивката на ЦД- то , зашто сигурно подобро ќе се продаваат отколку овие нашиве облечени.

Облечена или гола , баш сум добра женска” , изјави Северина за магазинот Appeal,, каде се најде на насловната страница.

Познатата пејачка откри и кој најмногу и помогна во тоа време , кога се соочуваше со скандалот.

,, Најдобриот совет ми го даде дедо ми- Треба да се потсмеваш со животот и никогаш да не го сфаќаш сериозно. И често се потсетувам на тие зборови .

Дури и со овие голи слики му се потсмевам на животот или тој се потсмева со мене…Најважно ми е да не се нервирам , зашто од тоа се добиваат брчки. ” вели сплитската пејачка во интервјуто.

Loading...