Се испопсуја меѓу себе: Желбата за себепромоција го уништи синоќешниот митинг

0

На синоќешниот протест на „Бојкотирам уставни промени“ пред Собранието за малку бил избегнат инцидент меѓу организаторите и дел од присутните, објави „Магазин“, кој важи за близок медиум до опозицијата.

Имено, тензијата избила откако присутни се обиделе да се качат на бината и да се обратат пред присутните, но не им било дозволено од организаторите затоа што не биле најавени на агендата.

Претставници и претседатели на Христијанско братство и Единствена Македонија, меѓу кои Јанко Бачев, Жарко Гроздановски и Драган Угриновски како и Страшко Олумчев, претседателот на Семакедонскиот национален совет но и фракционерот на ВМРО – ДПМНЕ, Филип Петровски, сакаа да држат говор, но редарите и дел од организаторите не им дозволиле.

Тие неколку пати се обидуваче да се пробијат низ толпата, но постојано биле спречувани, а за време на обраќањата на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, актерката Арна Шијак, Солза Грчева и Љупчо Палевски постојано дофрлуваа навредливи коментари и обвинувања на сметка на говорникот како еден од главните организатори со обвинувања дека вечерта го поделил народот. Во вербалната пресметка пред бината, фоторепортерите и снимателите беа истуркани.

Пред Собранието на Република Македонија синоќа заврши протестот во организација на движењето „Бојкотирам уставни промени“ преку кој беше побарано, меѓу другото, стопирање на постапката за уставни измени, поништување на Договорот од Преспа и трајна заштита на името на Македонија.

Учесниците најавија дека од денеска ќе почнат блокади на главните сообраќајници и крстосници со возила и механизација и протести во Скопје и во сите градови низ Македонија се додека не се исполнат поставените барања. Протестот, како што соопшти организаторот, го поддржале македонската заедница во Канада, Светскиот македонскиот конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права.

Претходна статијаСе тресе тлото рано утрово: Земјотрес почувствуван во Скопје
Следна статијаСимона: Доста се криете зад Фејсбук и Инстаграм, излезете и јавно кажете